Напорите што ги вложивме оваа година, на Европското првенство да изгледаме повеќе како репрезентација одколку како група ентузијасти се исплатеа. Со подршка од ВФМ и залагања на комисијата како и на членовите на репрезентацијата навреме се изврши пријавување на полна екипа, навреме се плати котизацијата, се обезбедија дресови, сместување и слободно можам да кажам дека бевме репрезенатција на која многумина таму и позавидуваа. Но да почнам од почеток, еве како се тоа јас го доживеав.
Дел од репрезантацијата во состав Смиле, Владо-Компе, Владе и јас стигнавме во Морзин на 28-ми Јуни, 2 дена пред официјалните збидувања со цел да имаме што повеќе тренинг денови, да го запознаеме теренот со оглед дека никој од нас не летал на Алпи предходно. Со глава полна со застрашувачки приказни за условите за летање на Алпи, со нов компе глајдер летан севкупно 5 часа и со нов компе вез од една старна и притисок дека морам најдобро што знам да ја преставувам мојата земја од друга, јас лично се чувствував како да сум меѓу два огна. Но што е тука е. 
По 20 часа непрекидно патување стигнавме.Се упативме прво во HQ, се запознавме со организаторите и го разгледавме официјалното место за слетување. Уште тогаш знаев дека моите стравувања се оправдани. Местото за слетување се наоѓаше помеѓу два ски лифта, хотел, тениско игралиште и шума, со ширина од 300 метра и згора на се, на кос терен. Добро, одиме понатака. Се сместивме во куќата што претходно ја имавме резервирано, фала богу што тоа го завршивме пред тргнување. Дилемата дали да одмориме од долгиот пат или да одиме на летање брзо се реши со фактот дека секој момент повеќе во воздух ќе ни биде добродојден, и така се упативме на старт. Стартот што го користевме за тренинг деновите не беше официјалниот старт од проста причина што на тој едиствено можеше да се стигне со кола, за сите други треба жичара која се наплаќа 10-15 евра. Стартот небеше голем и немаше некоја голема висинска разлика но доволно да најдеш термика, да дигнеш над 2500 м и да ја видиш конфигурацијата на теренот, што и го направија Владе, Владо и Антракс. Сакајќи што побрзо да им се придружам, полетав со 15 цм врзан конец од А гуртна и така мојот прв лет на Алпи траеше неповеќе од 2-3 минути и со слетување на падина блиску до стартот.
Наредниот ден пристигнаа Тапа и Сузе од Шварцарија. Денот помина во регистрација и пријавување, дружење со други пилоти. Прилично долго се чекаше за вчитување на GPS точките, Кристијан - главниот гуру на сите поголеми натпревари, имаше проблеми со компјутерот и така чекајќи имавме прилика подобро да се запознаеме со Германскиот тим и при тоа да им покажеме колку добро го владееме нивниот јазик, тоа звучеше нешто вака: Дас ис Владе, ер ис тоталишен, инсектен... :), за детали прашајте ги Смиле и Тапа, они се експерти по германски. Тој ден не се леташе, дуваше прилично јак ветер.
30 Јуни - официјален тренинг ден, нешто како генерална проба, транспосрт на старт, брифинг, задвање задача, се како еден натпреварувачки ден, освен што нема пресметување на резултати. Се упативме кон стартот Монт Шери (Mont Chéry) кој се наоѓа над гратчето Леже (Les Gets) на висина 1825 м. Стигнавме прилично рано зафативме место на старт и чекавме да зададат задача. Стартот изгледаше супер, широк, со трева, не многу стрмен со еден збор питом што делуваше охрабрувачки.

Имаше и пилоти на кои не им беше многу до тренинг задачата и веќе беа полетани. Меѓу нив беше и Andi Aebi од Advance тим-от со својата Омега прото верзија. Глајдерот изгледа фанцинантно., но тоа што го видов додека се обидуваше да го исцентрира столбот на самиот старт не делеуваше така. Глајдерот се џиткаше на сите страни и секој момент мислев дека ќе се затвори тотално. Гледајќи го шоуто, во ист момент почнаа да се креваат параглајдери во воздух (без пилоти) кои беа наместени за полетување и одма на сите јаасно ни стана дека столбот на старт е уствари даст девал.
Се зададе релативно кратка задача од 30 км и блиски обртни точки. Условите за летање се подобрија, термиката се оформи и поголем број од пилотите без проблем ја завршија задачата. Јас слетав во Леже заедно со Petra каде што имав прилка да ја прашам нешто повеќе да ми каже за Магусот, како да ги летам тримерите, како се однесува глајдерот под speed, колкава тенденција на роатација има под асиметричен колапс и сл. Се разбира не добив кој знае каков одговор освен дека треба да летам многу за да го научам. За истиот проблем им се обратив и на Валичите кои исто така летаат Магуси и така славно си го добив прекарот тример :). |