За прогласување на победниците исто така беше резервиран цел ден како и за отварањето. Церемонијата започна уште во 13Ч00 на официјалното место за слетување во Леже со ручек - пикник, забавувачи од групата 'Вентилатор', аеро шоу и највено слетување на победникот на првенството Luca Donnini. Продолжи во Морзин со коктел кај тениските игралишта каде имавме свечена размена на дресови со главниот организатор Jean-François :) Потоа следеше званичното прогласување, доделување на медали, пехари и награди. Победниците веќе сите ги знаете. Прва е Швајцарија, втора Италија и трета Чешка. Македонија 12 -та пред поголемите параглајдерски имиња Шпанија, Русија, Холандија, Норвешка и Данска и прва меѓу балканските земји, далеку позади нас сe Грција, Бугарија, Хрватска, Србија, Турција.
Имаше и специјални награди, како предавање на ФАИ знамето на наредните организатори на Европското првенство 2008 кое ќе се одржи во Сичево, Србија . Неизостана ни вечерата на која имаше јадење и пиење во изобилие. Ова беше настан на кој вреди да се присуствува, настан на кој им одаваш признание на подобрите од тебе и на кој желбата да бидеш од другата страна на бината се зајакнува се повеќе. |