vertigo

Европско првенство 2006 - Франција
од гледна точка на Каролина Смилевска

Старт - 2100 м
Гондола Авориаз 10 јули, ден предвиден за стартување од долго најавуваниот старт на 2119 м - Col de Fornet, кој се издига над фанцинантниот комплекс од хотели Avoriaz. Пристигнувањето таму беше вистинско патешествие. Прво со автобус до подножјето на Avoriaz, па со гондола која може да пренесе 30-тина луѓе до Avoriaz. Со мали комбиња и по земјен пат не донесоа до жичара - 6то сет и веќе тука имаш чувство дека си некаде на месечината.
Авориаз

За оние што беа во кратки панталони и санадли, симнувањето од жичара не беше баш пријатно. Следеа уште некој 500 м одење пеш по снег и низбрдо. Погледот од горе беше нешто неверојатно, ми застана здив од глетката и пршањето како се ова изгледа од воздух беше неминовно. Но за одговор требаше да почекам уште најмалку 2 часа, онолку колку што беше потребно показувачот на ветер да го смени правецот. На почеток не ми беше јасно како ќе полетаме со 3 м/с грбен ветер, но домаќините добро ги знаеа локалните временските услови. Штом сонцето дојде пред нас, грбниот ветер се смири и на моменти имавме чело. Доволно добро сите да стартуваат.

Импресионирана од пределот, притисокот 'Европско првенство' скоро и да го немаше. Полетувам и како сите други се упатувам десно блиску до вертикалната карпа одма до стартот и без губење на висина стигнувам до крајот на истата каде што очекуваната термика од 5-6 м/с со неколку круга ме однесе на 3000 м. Сликиве можеби подобро ќе го доловат чуството одколку било кој пишан збор.

Трката што беше зададена тој ден беше со должина од 88 км, релативно тешка. Проблем за поголем број пилоти беше првата точка поради исечената термика од јакиот ветер кој доаѓаше од езерото Леман каде многу од пилотите и слетаа. Само 46-мина ја завршија трката. Од нашиот тим тоа му успеа на Владе, а на Антаркс и Тапа им недостигаа само уште 5-6 км. Повторно екипно сме 15-ти.

претходен
следна
Copyright © 2005
Vertigo. All Rights Reserved.