vertigo

Европско првенство 2006 - Франција
од гледна точка на Каролина Смилевска

Втор натпрев. ден

Џин и КеролВториот натпреварувачки ден се одржа на 8 Јули. 6 дена од првенството веќе беа поминати. Сузе ни пренесе дека на утринскиот брифинг било кажано дека се очекува многу добар ден поради што и на првиот натпреварувачки брифинг беше зададена задача од 90 км. По полетување на сондите, нашите славни сонди Љубе и Саше :) јасно стана дека од денот што го најавија нема ништо. Следеше втор брифинг за пилоти, трката беше намалена на 56 км. Повторно собирање кај рељефната карта разгледување на теренот и претпоставки како и од каде би било најдобро да се излета рутата. Но тоа не беше конечно, трката беше сменета уште 2 пати за да на крај зададат трка со индивидулано време на пресметување. Се спремам по кој знае кој пат решена да ги исправам грешките од првиот ден, но целата ситуација: ниска база, менување на задачата, менување на правец на ветер а сополетување тоа и преместување од една страна на стартот на друга со 12 кила баласт на себе, ме прави се по нервозна. Благодарејќи на помошта на Сузе конечно полетувам. Олеснителна околност беше што неморам да чекам за да го пресечам цилиндерот, кога и да го пресечам од тогаш ќе се брои моето време. Повторно, дигањето на старт не преставува проблем, сега гужвата е малку поголема бидејќи цилиндерот е поблиску до стартот. Се приближувам поблиску до цилиндерот и повторно 'закачувам' столб. Вртам задоволна што сум блиску до цилиндерот и ќе можам да добијам висина пред неговото пресекување. Гледам наоколу и забележувам дека и Тапа е во истиот столб, погоре 30 м го гледам и Maurer. Добро е во добра група сум, сега треба само да ја пратам до каде што можам, т.е. додека не уклучат ворп на своите машини :). Во тој момент осеќам дека го гужвагубам притисокот на командата нанадворешната страна и веќе бев спремна за колапсот што следувааше. Јако пумпање на таа страна го реши проблемот без некој поголеми пореметувања. пробувам да не мислам на тоа што се случи и продолжувам да вртам. Тргнува првата група тргнувам и јас, стигнувам до точка Б12, често задавана точка и повторно момент на одлука. Неколку души остануваат на точката а други тргнуваат одма десно во правец на наредната точка, меѓу нив е и Валич така да не се двоумев многу по кого да тргнам, без разлика што знаев од претходните денови дека на Б12 сигурно ќе се извадам. Валич а и другите со него стигнуваат ниско до другата падина и почнуваат да се вадат на заветрената страна, што воопшто не ми се допадна. Јас бев малку повисока и одлучив да продолжам понатаму до другата падина одма над Морзин на која се едреше секој ден. Стигнувам таму и почнувам падински полека да качувам висина. Идеата падински да дојдам до врвот на падината и таму да најдам некој столб не ми успеа. После 40 мин едрење падина и час и половина во воздух се откажав и се упатив кон слетување. Кога слетав се видов со Тапа кој веќе ја имаше затоврно трката и Владе кој во тој момент затварараше. За сега 2-ца во цел! Сите будно го пратевме небото полно со параглајдери и чекавме бараем уште еден од МКД тимот да ја затвори трката. Надеж ни беа Антракс и Смиле кои сеуште се нема јавено дека се слетани. Со 3-ца во цел имаме шанси да ја задржиме добрата позиција. Надежта се оствари, Антракс е во цел со закаснување поради проблемите на полетување па полетал после задниот рок за пресекување на цилиндерот, но сепак во цел. Екипно паднавме на 15 место но со мала бодовна разлика од 12-то место.

Вечерта, за добро расположение се погрижи фондутот на Сузе, црвеното вино и пријатната атмосфера во нашето дворче.
фонду
претходен
следн
Copyright © 2005
Vertigo. All Rights Reserved.