

|
Наредните неколку дена немаше важечка трка. Скоро секој ден се качувавме на старт, се задаваше трка која или беше прекината поради јак ветер, голем развој и слично или беше прогласено слободно летање. Тие денови имавме повеќе време за одмор, разгледување на градовите-домаќини Морзин и Леже и посета на околните туристички места. Морам да напоменам дека пријатно бев изненадена од гостопримливоста на луѓето тука. Сите беа пред се горди што се домаќини на еден ваков настан како и што ќе бидат домќини на Tour de France наредната недела по завршување на ова првенство. Во организација на првенствово учествува луѓе волонтери кои секогаш беа со насмевка на лицето без разлика колку напорни и нестрпливи знаеа понекогаш да бидат пилотите.
Иако беше лето, туристичката сезона беше во ек. Работеа сите жичари и скијачките туристи беа заменети со 'mounting bike' туристи пред се 'downhill'. Мене лично тоа ми изгледаше страшно, 'шиба' со сто на саат надоле низ стрмни патеки и повторно со жичара нагоре, и така по цел ден. Но секој си има свои вид на термика.
 |
Со пропусниците што ги добивме при регистрација имавме пристап до сите жичари, до гратскиот базен, тениските игралишта и сите поважни настани во градот, така деновите прогласени за слободни активности ги искористивме за прошетка на околните планини но овој пат по земја и по дожд :)
  |