vertigo

Европско првенство 2006 - Франција
од гледна точка на Каролина Смилевска

Прв натпрев. ден
2-ри Јули, долго очекуваниот ден конечно пристигна. Ден кога застануваш на старт со најдобрите пилоти на свет и не само што полетуваш и леташ заедно со нив туку и си нивни противник, се натпреваруваш со нив. За да го доловам чувството што подобро, замислите дека учествувате во формула 1 и се натпреварувате со Шумахер или играте кошаркарски натпревар со Jordan, неверојатно нели?
Првиот натпреварувачки ден - ден како и сите други што следеа , автобусот тргнува од HQ точно во 9Ч30, ама точно, ни минута порано ни покасно, и не носи до Леже од каде со гондола се качуваме нагоре до меѓу станица на некој 1500 м .
поглед на Монт Блан На меѓу станица го посетуваме ресоторанот каде што пиеме кафе, доручкуваме и Сузе не брифира за настаните од брифингот на тим лидери кој се одржуваше секое сабајле во 8Ч30. Ресторанот е посебна приказна, беспрекорно уреден, толку детално што дури и дрвата за огрев имаа декоративна функција. Погледот од терасата на ресторанот е кон Монт Блан, тотално опуштање за оние на кои не им предстои трка со Шумахер :).
ресторан на М. Шери
зичара Монт Шери Од ресотранот со жичара пристигаме на ' питомиот' старт над Леже. Времето до почеток на трката се ближи и пробувам да се сконцентрирам убедувајќи се дека се што треба да направам е да полетам во добар момент, не прерано и не прекасно, да дигнам што е можно повисоко, да пратам што се случува наоколу, да ја пратам групата и кон наредниот столб да се упатам кога пилотите пред мене веќе го имаат лоцирано, и така од точка до точка до цел. Звучи лесно! Првата замка која најмалку ја очекував и не успеав скоро до крај на првенството да ја решам беше отварање на стартот 1Ч30 после отварање на прозорецот. Значи полетувам во релативно добар момент, дигањето на старт не е никаков проблем, јак столб со 5 м/с, дигам колку што можам повисоко, 2800 м,скоро сум во база и се упатувам кон цилиндерот, за сега се иде според планот, така барем мислев додека не погледнав во часовникот, со запрепастување сваќам дека има уште 1ч и 10 мин до отварање на стартот. Добро, продолжувам кон цилиндерот кој беше на 5 км од стартот и барам место каде би се 'врткала' наредниот час.

гужва полетување
Правилото е каде другите таму и јас, другите беа поделени во две групи, една поголема право пред мене и една помала десно од мене. Дојде време за донесување одлука, решив да им се придружам на групата десно од мене. По пат ме фаќа голем ниспон и почнувам да се сомневам во мојата одлука.
Се врќам назад каде што имаше какво такво држење но веќе ни таму немаше ништо. Катастофа, пак сум на исто место само сега 400 метри пониска. Се упатувам кон групата пред мене знаејќи дека нема да стигнам до неа но со надеж дека ќе најдам нешто по пат. Стигнувам до падината на заветрената страна и веќе знаев дека трката за мене е завршена, пола саат пред самата и да почне и на иста висина од која што полетав.
Со нетрпение го чекав транспортот за назад. Бев нестрплива да дознаам како поминале остатокот од нашата екипа. Транспортот функционираше супер, се јавуваш на радио станица праќаш UTM координати и комбе доаѓа за одприлка половина час. По пристигнување на комбето се упативме кон местата каде беа слетани други пилоти. Не многу далеку ја собравме Јорланда, девојката од Холандската репрезентација, доста комуникативна и позитивна личност па така возењето назат до HQ не беше досадно иако ги прошетавме скоро сите точки од трката. Кога стигнавме во HQ веќе сите беа слетани и се знаеше исход од денот. Тапа, Валде и Антаркс во цел. Доволно за добро екипно рангирање, кое на радост на сите беше 12 место.
претходен
следна
Copyright © 2005
Vertigo. All Rights Reserved.