vertigo

Европско првенство 2006 - Франција
од гледна точка на Каролина Смилевска

Отварање
Репрезентација

1-ви Јули цел ден беше во знак на свечено отварање на првенството. Програмата почна уште попладнето со собирање на сите репрезентации кај градската црква. Секоја репрезентација ја предводеше по едно дете во парадата од црквата до полоштадот Секое дете го имаше рачно нацртано знамето на земјата што ја предводеше. За одбележување секако е начинот на кој се пресече лентата. Лентата беше пресечена со ножици кој ги донесе орел во лет слетувајќи на рака на дресерот.

орел

 

 

 

 

Еден од главните и почесни гости на церемонијата беше Bertrand Piccard, за оние што незнаат, Piccard е пилот на делатаплан и балон и е првиот човек кој го има заобиколено светот со балон. Едно од најзабележителните спомени од ова првенство секако ќе биде говорот на Piccard кој што го одржа подоцна на главната вечера и каде многу импресивно ја раскажа својата приказна велејќи дека тајната на секој успех е бројот на обиди да биде за еден поголем од бројот на неуспеси.

Piccard
Corrina
Екстрема со Bertrand Piccard
Владо - Компе со Corrina (светски шампион во змајарство - женска конкуренција)
претходен
следна
Copyright © 2005
Vertigo. All Rights Reserved.